Ван ден Берг: Место оклопни возила, можеа да купат воени амбуланти и за Ковид-19

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, го коментира одобрувањето од Стејт департментот за продажба на оклопни возила на Македонија за 210 милиони долари.



„Со цел да се исполни правилото на НАТО за 2 отсто од БДП, можеа да купат за оваа сума пари воени амбуланти, за да се користат и во цивилно опкружување или да изградат воена болница (исто така да се користи како корона болница). Се чини дека приоритетот не е да им одговара на граѓаните на Македонија, туку попрво на НАТО/САД“, резонира директорот на БИП.