Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, со негативен коментар за грчката кампања „Macedonia the GReat“, која ја смета за „навреда по повреда“ за соседната држава Македонија.



„По неодамнешниот Совет на Европска унија, каде што Грција се држеше до тоа Албанија и Македонија да одат во пакет и со тоа индиректно им стави вето и на двете, Грција сега смета дека е вистинско време да покрене кампања ‘Macedonia the GReat’.

Уверен дека таквиот став се нарекува ‘навреда по повреда’. По никаков начин, облик или форма тој нема никаква врска со помирувањето“, реагира Ван ден Берг на Твитер.