Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, реагира на најновите уцени од Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија.
„Бугарската министерка за надворешни работи Захариева бара Македонците да не прибегнуваат кон лаги, но самата наведува големо фалсификување на историјата (‘нивната нација ја градат од 1944 година’). која е следната бугарска вистина – дека во Втората светска војна ги ослободиле, а не ги окупирале Македонците? Кој ги депортира сите македонски Евреи?“, прашува Ван ден Берг на Твитер во својата реакција на изјавата на Захариева: „Поединци можат да се идентификуваат како Македонци, но без да прибегнуваат кон лаги и кон антибугарска реторика“.
„Еднакво очигледно кај историчарите, антрополозите (и другите дисциплини) е дека веќе и под Отоманската империја етничките Македонци се обидуваа да изградат нација. Османлиите, исто така во доцната фаза на ‘Турска Европа’, се распаднаа врз идентитетот на Албанците и на Македонците“, додаде директорот на БИП.




