Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, му укажа на Гинтер Фелингер од „Европејци за даночни реформи“ дека не постојат Северни Македонци, како што ги именува Австриецот во објава на Твитер.



„Не постои такво нешто како ‘Северни Македонци’. Види ја ‘Преспа’ („Македонци/граѓани на Република Северна Македонија“). Исто така, не ‘северномакедонски’ како придавка, туку само ‘македонски’“, реагира Ван ден Берг на твитот на Австриецот под објавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи: „Во пресрет на 9 Мај – Денот на Европа, заедно со младите, испраќаме порака: ‘Испорачавме, време е Европската унија да испорача. На ред е ЕУ!“.