Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, се чуди за најавата од власта во Македонија за онлајн седници на Собранието заради заштита на пратениците од Ковид-19.
„Премиерот Заев се сретна со амбасадорите на САД/Германија/Велика Британија/Руска Федерација, сепак го игнорира народот и сака да го деградира неговиот форум (Парламентот) со нетранспарентен настан преку Интернет. Беше доволно безбедно народот да гласа, но не и пратениците да се состанат?!“, прашува Ван ден Берг.





