Власта со валкани планови за кривични пријави и заплашувања пред изборите

Ако сакаш да го оцрниш политичкиот противник, напиши за него анонимка, потоа министерот за антикорупција ќе пријави во полиција (финансиска полиција во случајов), а таа ќе истражува, ќе истражува и на два дена пред почетокот на изборната кампања, триумфално ќе објави кривична пријава. И власта ќе се надева дека со самото тоа кандидатот на опозицијата е политички нокаутиран. Ова е дел од колумната на познатиот новинар Бранко Героски, кој додава дека не е сигурен дека ваквите грди манипулации и злоупотреби на институциите на овие избори ќе поминат баш лесно, со констатација дека веќе ги има и ќе ги има, но големо прашање е каков ефект ќе предизвикаат.



Оти, веќе се знае за валканите планови во текот на кампањата дел од кандидатите на опозицијата да бидат затрупани со кривични пријави, а други да бидат заплашувани со закани и со копромитации, при што нема да се штедат ни членовите на нивните семејства и други луѓе околу нив. Грдо е тоа. Многу грдо! Ова ли е тоа јадење живи луѓе, што ни беше најавено од Зоран Заев во декември 2010 година? Малку ли беше реваншизам од 2017 година наваму? Или ќе има уште? Само, сепак нека внимаваат другарчињата. Времињата се сменети. Да не им запнат залаците в грло – предупредува Героски.
Целата колумна на Героски за Плусинфо на овој линк: https://plusinfo.mk/e-gledame-li-vo-kampa-ata-ade-e-zhivi-lu-e-kako-shto-na-avi-zaev-pred-edinaeset-godini/