Министерот Венко Филипче денеска изрази загриженост од брзината на ширењето на пандемијата на коронавирусот.
Тој присуствуваше на симулацијата во СЦ „Борис Трајковски’ каде од понеделник треба да започна масовната вакцинација со руските вакцини донирани од Србија.
„Колегите кои се врвни стручњаци, пулмолози самите кажуваат дека до сега немале можност да видат ваква прогресивност на болеста. Докторите прават се за пациентите, но дел од нив не успеваат да се спасат. Има пациенти кои и денеска се во многу тешка состојба. Кај некои од пациентите едноставно нема ефект. И кај млади луѓе за само неколку часа прогресира болеста.
И покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех. Како ќе се набавуваат нови вакцини ќе се намалува старосната граница за вакцини“, рече Филипче.







