Скопјани со разочарување , но повеќе со потсмев го дочекаа новогодишното украсување на градот ведетно од градоначалничката Данела Арсовска.
На социјалните мрежи се споделуваат фотки „богато украсената“ елка за која велат дека таква не може да се набави ни преку Али Експрес.
Арсовска најави дека за традиционалното украсување на Градот пред Нова Година ќе бидат потрошени 30.000 евра.
Што си се накитила како елка, сега добива друго значење.
— Onaga (@AMitevski83) December 18, 2023
Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка.
Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота. pic.twitter.com/P7tInZTuTz— Alexander III of Macedon (@MakFalanga) December 18, 2023
и да сакаш да си оптимист и да си позитивен и да ти е убаво, глејте бе скопје какво е? Родители мкнат деца по молови за да видат накитена елка. pic.twitter.com/ufScVwk3c7
— Cosmic Glue🌠 (@JasnaMishevska) December 19, 2023
странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка
— Густав Охридски (@Nopak_od_Varosh) December 19, 2023
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023






