Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце, објави ТВ Алсат.
Од страна на СВР Куманово на 13.07.2020 година по претходно добиени сознанија дека во објект во с.Ваксинце 2 НН лица – мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант од кои 2 сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти. Се работи на целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветен поднесок.





