Вакцинираните со „Синофарм“ и „Синовак“ да примат трета доза од „Фајзер“ три месеци по ревакцинацијата

Сите кои се вакцинирани и ревакцинирани против ковид-19 со вакцините на „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинацијата, препорача Националниот комитет за имунизација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на „Фајзер“ и е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата.



Оние кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да примат после поминати 6 месеци од ревакцинацијата.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, зашто само само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречиме ширење на мутации на коронавирусот.