Вакцинирале ли Заев и Филипче со илегална вакцина? (ВИДЕО)

Опозицијата и власта се судрија околу информацијата која ја објави српската министерка Ана Брнабиќ за вакцинација во Македонија со илегални вакцини кои не се регистрирани во Македонија.



Според Брнабиќ македонските власти увезле вакцина која не е регистрирана и е користен илегално по што ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ побара објаснување од владата и СДСМ.

Власта негира и бара извинување од портпаролот на опозицијата Димче Арсовски но не бара извинување од Брнабиќ која прва ја објави информацијата.

“Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Антонио Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.

(Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација).

Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?

Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.

Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче”, пишува Арсовски за барањето на СДСМ да се извини.

Линк до постот на Арсовски во кој е објавена и релацијата на СДСМ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224888138651759&id=1263640805