Вакцини се очекува да стигнат, слаб интерес за вакцинирање

Само 180 илјади граѓани што се пријавиле на сајтот за вакцинација не добиле вакцина, а најавено е дека наскоро ќе пристигнат околу 600 илјади дози од вакцините на „Фајзер“ и на кинескиот производител „Синовак“, соопшти министерот Венко Филипче.



Министерот за здравство најави дека ќе има засилена кампања за вакцинација, а во регионите каде што се забележува дека недоволен број граѓани се пријавиле за имунизација, ќе има и теренска имунизација.

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет затоа што дневно ќе се аплицираат меѓу 15 и 20 илјади дози вакцини, доволни да се опфатат сите пријавени граѓани.

Во моментот се вакцинирани околу 300 илјади граѓани, а целта е со вакцините што се чекаат, да се имунизираат уште толку луѓе. Граѓаните што не сакаат да чекаат, веќе се упатуваат на вакциналните пунктови во Србија, каде што има и избор и количини на вакцини, а не е потребно ниту закажување.