Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.
Вакцина против Ковид-19 примиле 1.677 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.
Имунизацијата се врши со вакцините од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.
Пред точно една година, беше регистриран првиот случај на Ковид-19 во Македонија.





