Не стивнуваат реакциите по вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир. Универзитетскиот професор Јове Кекеновски отворено ги прашува Претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Димитар Ковачевски , дали ова е начинот на кој се гради соживот. Кекеновски во своја објава го коментира вчерашниот настан на кој присуствуваше Курти, а за време на посетата ниту македонско знаме се вееше, а не се интонираше ни химната.
Во продолжение интегрално Фејсбук статусот на Кекеновски :
„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?
Во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.
1. Не се вееше Македонското државно знаме,
2. Не се интонираше Македонската химна,
Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.
Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.
П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?





