Словенечкиот европратеник Иво Вајгл смета дека со Македонија конечно треба да бидат отпочнати преговори за членство во Европска унија.
„По повеќе години, на Македонија сега треба да ѝ биде дозволено да почне преговори. Целосно се согласувам со еврокомесарот Хан. Се разбира дека одлуката ќе ја донесе Европски совет и се надевам дека овојпат Советот ќе сфати дека Македонија ни треба во ЕУ заради стабилноста на целиот регион“, изјави известувачот за Македонија за „ЕУ репортер“.
„Не сакам да се обидувам да бидам пророк. Не знам како се одввиваат преговорите меѓу Атина и Скопје ќе завршат, но изгледа дека двете страни се посветени на конструктивен дијалог, па се надевам дека ова прашање би можело да биде решено. Сепак, мноху зависи од внатрешните политички размислувања во двете земји. Има противници во Македонија, исто како и во Грција“, додаде Вајгл.
„Има проблеми што се заљеднички со сите земји-кандидатки: владеењето на правото, слободата на медиумите, судството, економската стабилност, инвестирањето во безбедноста итн. Но, сите се на истиот чамец, а Македонија мислам дека има добри резултати веќе повеќе години, како во најдобрите земји-кандидатки, па сметам дека може да се справи со тоа“, заклучува членот на Европски парламент од редовите на Алијанса на либерали и демократи за Европа.





