Главниот град на САД ја мобилизира Националната гарда пред планираните протести на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, пренесува Гардијан.



Следбениците на сеуште актуелниот шеф на државата планираат собири во вторник и среда во обид да ги подржат недокажаните тврдења на Трамп дека тие му ја украле победата на претседателските избори на 3 ноември.

Полицијата во Вашингтон постави знаци во центарот на главниот град со предупредување дека носењето огнено оружје е нелегално.

Во последните денови Трамп постојано ги охрабруваше своите приврзаници да организираат протести, па дури и навести дека тој самиот може да се вклучи.

За време на викендот, тој порача “Ќе бидам таму. Историски ден!”

Демонстрациите треба да се совпаднат со официјалното гласање во американскиот Конгрес во среда, кога ќе бидат преброени гласовите од Изборниот колеџ, кој ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Сопственици на дуќани поставуваат дрвени панели на прозорците во центарот на Вашингтон.