Во анализа со наслов ,,Игра на тронови, македонска верзија”, новиот портал В1 за кој се вели дека е подигнат од луѓе од безбедносниот систем споделува информација според која Без разлика што случајот Онишченко е радиоактивен за било кое кадровско решение од внатре во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), премиерот Ковачевски има 2 кандидати за иден наследник на Виктор Димовски.
Двајцата главни кандидати се Зоран Мачкиноски и Заре Милошевски поддржан од генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ.
Кандидатот Марјан Николовски актуелен професор на факултетот за безбедност, кој беше сведок во политички монтираниот случај Сопот како поранешен оперативец на УБК, се отфрла како решение заради одбивноста кај Албанскиот партнер.
Како кадровско решение од надвор, на трето место е позициониран Оливер Лукароски, актуелен помошник директор за криминалистички истраги во Бирото за Јавна Безбедност.
Зоран Мачкиноски е началник на тимот за оперативна поддршка на стратешките партнери во секторот за стратешка соработка, додека Заре Милошевски е началник за контра-екстремизам. И двајцата се вклучени во вршењето на безбедносната проверка за Онишченко кого го означил е како лице без безбедносен ризик, тврди порталот кој според неофицијални извори е креиран од луѓе во безбедносниот систем кои добро ги познаваат состојбите во овој ресор.
Доколку во следните 20 дена, не се јават поголеми проблеми од случајот Онишченко, премиерот за нов директор на АНБ ќе го именува Зоран Мачкиноски.
Одлучувачки фактор кај премиерот Ковачевски според В1 е тоа што ќерката на Мачкиновски била во врска со еден од партнерите на премиерот во соларната компанија „Пиксел“.
Дополнително според порталот не се занемаруваат и обидите на надворешно влијание на Стево Пендаровски кој преку шефот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу наметнува свои предлози како алтернатива: актуелниот директор на ОТА, Зоран Николовски “Џиџи и А.С актуелен заменик директор за операции во АР чиј кум е Емилијан Станковиќ, истакнат функционер на СДСМ од Скопското крило врзано за Бранко Црвенковски, тврди порталот.
Луѓе кои се или биле дел од безбедносниот систем а кои имаат информации за процесот на избор на нов шеф на АНБ ги потврдуваат најголемиот дел од наводите на порталот.
Предходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер и побара ДКСК да отвори постапка.
,,Самиот Ковачевски призна дека од него формирана фирма добивала државна помош, додека тој е на функција. Само ДКСК уште глуми дека не слуша и не гледа и ништо.
Над 300.000 евра се исплатени кон Пиксел груп додека Ковачевски е заменик министер и мандатар за состав на нова влада.
Истата оваа Пиксел груп, е фирма која гради фабрика за само една година од основањето, а откако Ковачевски кој ја основал станува премиер, таа почнува инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово.
Пиксел групне фирмата која произведува фотоволтаични панели, дел од соларниот картел, а КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски се јавува на тендери за поставување на истите.
Фирмите од аферата Броило откако е СДС на власт од државата добиле 2 милиони евра тендери и склучиле договор со ЕВН од над 2 милиони евра”, објави опозицијата за фирмата основана од Ковачевски.





