Индонезиската војска денеска соопшти дека се пронајдени остатоци од исчезната подморница со 53 члена на екипажот.
Во изјавата се наведени неколку детали, но веројатноста дека некој преживеал е минимална.
Со скенирање на морското дно во Балиското Море на длабочина од 850 метри се пронајдени предмети за кои се верува дека му припаѓале на исчезнат брод.
„Овие објекти никогаш немаше да излезат од подморницата ако нема притисок“, рече шефот на потрагата.
Претходно Колин Кох, научник од Институтот за одбрана и стратешки студии, предупреди дека „треба да се разгледа можноста за пропаѓање под максималната длабочина на нуркање, што доведува до експлозија на подморницата“.
Индонезиските власти вчера изјавија дека подморницата е сè уште недопрена но дека екипажот ќе има доволно воздух најдолго до утрово.






