Војник или лице облечено во маскирна униформа снимило и објавува видео од тоалети за кои се тврди дека се дел од касарната Илинден каде се сместени дел од елитните војници на армијата која догодина треба да стане членка на НАТО.
На видеото може да се видат целосно уништени санитарни јазли каде што војниците веројатно мораат да вршат нужда и да ја одржуваат хигиената.
Министерството за одбрана се уште не реагирало за видеото за кое се тврди дека е снимено во објект за кое е одговорно токму ова министерство.
Може ќе ви се згади. Видеово е од касарна Илинден, сè по НАТО стандарди.@Sekerinska вака ли? pic.twitter.com/lJ2bBT9M4s
— ДМ (@dromdm) May 8, 2019





