Ужасни сцени од внатрешноста на запалениот “Глобал” (ВИДЕО)

Струмичката локална телевизија ТВ Вис објави снимка од внатрешноста на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица кој се запалил половина час пред полноќ.



Снимката покажува на огромен интензитет на огнот од кој сигурно ќе има огромна материјална штета.

За среќа нема информации за повредени или загинати.

Според информациите од командирот на противпожарната единица од Струмица, Александар Гудев, пожарот се проширил во внатрешниот дел од трговскиот центар, каде се сместени поголем број на тезги.

Гаснењето на пожарот продолжува во внатрешноста на ТЦ „Глобал“.

Големиот пожар најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат.

Пожарникарите според повеќе медиуми со огромни напори успеале да го стават огнот под контрола и засега не дозволуваат да се прошири на другите продавници.

Се очекува наскоро тој целосно да биде ставен под контрола.

Видеото од внатрешноста на Глобал

https://www.facebook.com/140280072674984/posts/3669190846450538/

Гори трговскиот центар „Глобал“ во Струмица (ВИДЕО во живо)