Застрашувачка снимка од пациенти со Ковид-19 во Индија кои биле оставени да умрат се појави на социјалните мрежи.



Трагичниот случај се случил во една приватна клиника во близина на Њу Делхи, минатата недела откако на семејствата на пациентите им било кажано дека болницата останала без кислород, пишува „Блиц“.

Роднините, кои плаќале повеќе од илјада долари на ден за кревет, изјавиле дека дошле во болницата, но ги нашле пациентите напуштени, а одделот за интензивна нега заклучен.

Кога конечно ја отвориле вратата, утврдиле дека пациентите починале.

Полицијата мораше да реагира кога роднините на жртвите го пронајдоа медицинскиот персонал скриен во мензата и се заканија дека ќе ги нападнат.

Бидејќи видеото за трагедијата стана вирално, полицијата соопшти дека установата воопшто не била овластена за лекување на пациенти со коона.

Според лекарите, починатите биле на возраст меѓу 40 и 80 години.

Менаџментот на болницата потврди дека лекарите и персоналот привремено се „криеле“.

Бројот на пациенти со ковид-19 во Индија падна денеска на 366.161 нови случаи на коронавирус. 3.754 пациенти починале, пренесува Ројтерс.

Индија имаше повеќе по повеќе од 400.000 заразени дневно болести во претходните четири дена. Вкупниот број на пациенти е 22.6 милиони, а починале 246.116 лица.