Ужас: Откриен нацистички фото-албум од човечка кожа

Нацистички албум со фотографии, изработен од кожата и косата на жртвите во нацистичкиот логор на смртта од Втората светска војна, бил откриен на пазар за антиквитети во Полска.



Еден колекционер забележал дека на насловната страница има „тетоважа, човечка коса и мириса лошо“.

Колекционерот веднаш го однел албумот во Меморијалниот музеј во Аушвиц за анализа.

Експертите открија дека албумот е направен од кожата на затворениците убиени во концентрациониот логор Бухенвалд во Германија. Според експертите, ова е „неоспорен доказ за злосторство против човештвото“.

Бухенвалд бил првиот концентрационен логор на Адолф Хитлер, основан во 1937 година и познат по своите егзекуции, експерименти, ужасни услови.

Една од лицата која стоела зад тој хорор била извесна Илсе Кох, од затворениците наречена „кучката на Бухенвалд“.


Илса Кох, сопруга на командантот на кампот Карл-Ото Кох, убивала затвореници со интересни тетоважи, а подоцна кожата ја употребувала за „дизајнирање“ книги, албуми, крпи и маса и абажури.

Палците ги користела како прекинувачи за светло.

Преживеаните од Бухенвалд велат дека Кох му помогналааа на д-р Ерих Вагнер да собере човечка кожа за докторска дисертација. Вагнер користел околу 100 уникатни кожи за дизајнирање подароци. Тој се самоубил откако бил заробен од американските трупи.

Илсе Кох беше уапсена и осудена на доживотен затвор и во 1967 година извршила самоубиство во нејзината ќелија.. „Daily mail“.