Пред Владата денеска, увозниците на половни моторни возила побараа повлекување на новата уредба за оданочување на увезените возила.
Тврдат дека за само дваесетина дена од кога стапи на сила новиот закон – увозот им се намалил за 90%.
Бараат да се намали сумата за царина и CО2 данок бидејќи, според нив, давачките се тројно покачени кај одредени возила.
„Ние не можеме да увезуваме возила по овие цени затоа што царините излегуваат колку што го купувате возилото во Италија. Во Италија може да има возило во вредност од 3.000 евра, таму имаат плата од 2.000 евра, а кај нас имате давачки од 3.000 евра и возилото станува 6.000 евра. Сите увозници стопираа, веќе не увезуваат. Ако се земе процент од ланската година, може да кажеме дека за овие 15 дена увозот е намелен за 90 отсто“, велат од Националното здружение на граѓани увозници на половни автомобили „Регулатив“.
Од Царинската управа велат дека не размислуваат за повлекување на оваа законска одредба и се со став дека сè уште е рано да се проценат ефектите од законот.




