Ако еден блок во РЕК Битола работи 24 часа со полн капацитет, може да произведе над 5000 мегаватчаса струја. Во ноември и декември, Македонија увезуваше меѓу 1000 и 4600 мегавачаса струја дневно. По пристигнувањето на трансформаторот за Блок 3, кој доцнеше два месеци, земјава извезува струја.
Додека доцнеше испораката на трансформаторот за пуштање во употреба на третиот блок во РЕК Битола, Македонија потроши над 40 милиони евра за увоз на струја, а ќе наплати пенали за доцнењето од околу 200 илјади евра.
Во државниот производител на струја ЕСМ велат дека парите за набавка на струја не биле потрошени поради Блок 3, туку биле „во планот за набавка на ЕСМ“. Сепак, официјалните податоци за производство и увоз на струја покажуваат дека по пуштањето во употреба на третиот блок, домашното производство на струја значително се зголемува, и земјава не само што не увезува струја, туку има и скромна продажба на ноќни вишоци.
РЕК Битола е најголемиот производител на струја во земјава. Комбинатот, кој работи на јаглен, има три блока со инсталирана моќност од по 233 мегавати. Доколку еден блок работи 24 часа со полн капацитет, може да произведе над 5000 мегават часа струја. Во ноември и декември, Македонија увезуваше меѓу 1000 и 4600 мегавачаса струја дневно. Откако беше пуштен третиот блок, Македонија не увезува струја.
На 29 јули минатата година, ЕСМ склучи договор со бугарската фирма „Actael N Ltd“ од Софија за набавка на блок трансформатор од 425 киловолти за скоро 6,5 милиони евра. Подизведувач на договорот е турската фирма Astor Energi од Анкара.
Договорот беше склучен со директно преговарање без објавен оглас, по претходно добиено позитивно мислење од Бирото за јавни набавки поради итноста на потребата. Имало три понуди, а разликата меѓу најскапата и најевтината била околу 460 илјади евра.
Трансформаторот требаше да биде монтиран и пуштен во употреба за 110 дена од потпишувањето на договорот, односно на 16 ноември. Рокот беше значително пробиен, па Блок 3 беше пуштен во употреба дури на 10 јануари. Според договорот, пеналите за доцнењето не може да бидат повеќе од 5 отсто од вредноста на договорот, односно 322 илјади евра.
Линк до целата анализа.






