“Утринската роса” го потопи Стојанче Ангелов (ВИДЕО + коментари)

Изјавата на директорот на владиното тело за кризни состојби Стојанче Ангелов дека се надевал на утринската роса за спречување на пожарот на Галичица предизвика гнев на социјалните мрежи.



Десет дена откако се запали оганот на Галичица Ангелов даде изјава која се кандидира за една од најнеодговорните и најглупавите во историјата на Македонија.

Коментарите во постот се јасен знак што мислат граѓаните за изјавата, за Ангелов и за владата која го именувала за директор.

Дел од коментарите што не се навредливи:

Што му згрешивме на Бога?

Овај повеќе личи на stand up комичар од колку на директор на ЦУК

Ќирамида је постала Росица . Аууу крај на програмата , гаси интернето !

Се зел на шија овој бог да чува

Доста беше Оди во Циркус🤡🤡🤡🤡

Јас да бев директор на центарот за управување со кризи и да имав волку неспособни администратори кои потфрлија во организацијата а со тоа и неуспешноста во гасењето на пожарите ќе си дадев оставка, ама пусти парички слатки се а срам нема образ ѓон не може да поцрвенее.

Навистина ќе се потрудам секој ден да му се молам на Господ да ми ги прости гревовите и прегрешенијата, ова повеќе не се трпи, изгледа дека навистина многу гревови имаме па господ вака не’ казнува со вакви глупи владетели.

Шо ја форсираш Роса кога има Изворска,Вода Вода,Евина итн?! Ќерамидо!

Сите коментари на линкот

https://fb.watch/7RGjg3AE9b/