Утре во Пустец ќе биде отворен бугарски клуб!?

Претседателот на таканаречената бугарска „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов, најави дека утре, на големиот празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во селото Пустец во кое живеат Македонци, ќе биде отворен бугарски клуб.



Сојанов на социјалните мрежи објави дека веќе се е подготвено:

„Пристигнавме во нашето село во Албанија, Пустец.

Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир“, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук.