Регулаторната комисија за енергетика утре точно напладне ќе ја објави новата цена на струјата која ќе ја премсетува новоформираната компанија „ЕВН Хоум“.



Во пресметката на „ЕВН Хоум“ која ќе ја достави до регулаторот, сега освен трошокот за набавката на струјата од повластените производители кој учествува со 50 проценти, влегува и трошокот за пренос и дистрибуција на струјата, трошокот за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕПСО), но и маржата од 11,5% која беше избрана како најниска на тендерот за избор на универзален снабдувач. Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, не очекува сериозна промена на цената.