Четирите амандмани на кои инсистира движењето Беса на Биљал Касами за да гласа за промена на Уставот утре ќе бидат доставени во влада, по што ќе следува средба на работни групи од Беса и владата, дознава Телма.
На средбата на премиерот Зоран Заев и Биљал Касами во петокот не беше постигнат договор за трите амандмани на Беса на Уставот и еден на Уставниот закон.
Ако и утре владата не ги прифати барањата на Беса, со што 2 пратеника ќе ги поддржат уставните измени, веројатно амандманите ќе бидат предложени на седница во собрание каде во среда почнува финалната фаза за уставните промени.





