инистерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на 03.10.2021 година (недела), поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“,
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.






