Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев свика вонредна седница на Собранието, утре, на 13 декември во 13 часот за избор на новиот владин кабинет предводен од Кирил Петков .



Предложениот дневен ред и одобрен со наредба на претседателот на Народното собрание опфаќа три точки: – избор на претседател на Владата на Република Бугарија, усвојување на структурата на Советот на министри и избор на совет на министри. БГНЕС