Мирен протест за поддршка на екс-премиерот Никола Груевски е закаажан за утре во 19 часот пред пред зградата на Основниот суд Скопје.
Најавата и повик за протестот против 2 годишната затворска казна за експремиерот во случајот „тенк“ од вчера под слоганот „Правда за Никоа Груевски“ се споделува на социјалните мрежи.
Собраниската комисија на која треба да се разгледува одземањето на пратеничкиот мандат на Груевски е презакажана за утре, а потоа за тоа треба да решат 2/3 од пратениците на собраниска седница.
Груевски вчера ја прими одлуката со која и официјално е информиран дека му е одбиена молбата за одложување на затворската казна и има 3 дена рок да поднесе жалба до Кривичниот совет за одложување на одењето во затвор.
Груевски треба во четврток да се јави за издржување на казната.





