„Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга“, повикуваат активистите за заштита на правата на животните откао деновивбе во Струга, според Здружението „Анима мунди“, во два дена биле убиени дваесетина кучиња скитници.
„Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи. Дојдете во петок со транспаренти, со свирчиња,со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души“, се наведува во објавата на Фејсбук во која се најавува утрешниот протест.
Стружаноцот кој со ловечка пушка убивал кучиња доби кривична пријава
Активистите велат дека нема да прифатат убивањето на бездомните животни да стане нова реалност.







