Утре продолжуваат преговорите за законот за ЈО

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ги продлжуваат утре преговорите за новиот закон за Јавното обвинителство, на прва средба по лидерската на која Заев и Мицкоски не успеаја да изнајдат решение. 



Позициите се непроменети: Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека власта одбива решение бидејќи со опозициските предлози немало да се заштитат функциониери кои се вмешани во корупциски скандали.

Отстапки од црвените линии не најавуваат ниту од власта.Но, премиерот Заев е оптимист и е спремен да седне повторно со Мицкоски на маса, но откако преговарачките тимови ќе направат чекор напред.