Утре почнува постапка за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители утре во 11 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева. 



Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста.

Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.