Утре почнува изградбата на коридорот 8, но само на хартија!

Утре почнува изградбата на коридорот 8, но градежни активности на терен нема да има

За утре е најавен Почетокот на изградбата на коридорот 8, што е еден од автопатите што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, според најавите, треба да почне утре, но од надлежните државни органи нема точна информација каде тоа ќе се случи. Слична е состојбата и со коридорот 10д, за кој почетокот на изградбата е закажан за 12 мај.



Сепак, иаско Владата бајави почетокот на изградбата, тоа не значи дека на терен ќе излезат градежни машини, туку, како што велат од Министерството за транспорт и врски, утре треба да почнат само некои геодетски мерења, односно ќе се утврдат локациите каде ќе одмараат работниците кои ќе работат на новите автопати. Треба да бидат одредени и локациите на коишто ќе бидат поставени градежните машини, но без да има точен план кога тие машини ќе бидат вклучени.

Од 22 април почнува реализација на договорот, што практично значи дека изведувачот ги започнува сите подготвителни работи на терен, снимање на теренот, проектирање, подготовка на локации за кампови за работници и градежните машини, подготовка на урбанистичките проекти за патните коридори и постапките за експропријација, соопштуваат од Транспорт.

Според Владата, овие два коридора се досега историски најголеми инфрастуктурни проекти во нашата држава. Опозицијата, пак, истакнува дека нетранспарантноста на се што се однесува околу договорот и законските измени коишто треба да се направат за тој да може да биде исполнет, упатуваат на тоа дека власта се обидува да направи историски грабеж.