Утре нов протест против „преспанскиот“ во Атина

Граѓанските групи кои се спротивставуваат на Договорот за името меѓу Грција и Македонија повикаа на нов протестен митинг во Атина утре (четврток) во 19 часот кога тој треба да биде ратификуван во грчкиот парламент.



Во соопштението, организаторите за митингот велат дека е последен обид „да се спречи ратификацијата на срамниот договор“.

Десетици илјади луѓе учествуваа на митингот во неделата.