Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата.
При влез во земјава задолжително е да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Обавезно е потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена”, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
Во сила осѕанува и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава кои, при влез на територија Македонија, нема да приложат валиден или ќе приложат невалиден ПЦР тест.





