Во атмосфера на силни тензии во албанското општество, која би можела да ескалира во граѓанска војна, не постојат услови за одржување на фер локални избори, оценуваат аналитичари на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), со седиште во Љубљана.
Тие сметаат дека утрешното одржување на локалните избори, и покрај противењето на опозицијата и на шефот на државата, Илир Мета, може да биде опасно.
Претседателот ги одложи изборите за 13 октомври но премиерот Еди Рама не го почитува тоа.
Албанската опозиција од февруари годинава го бојкотира парламентот бидејќи не сака да биде „демократска фасада за корумпираниот режим“ и бара премиерот Рама да поднесе оставка, а локалните да се одржат заедно со предвремени парламентарни избори.
IFIMES потсетува дека на парламентарните избори што се одржаа на 25 јуни 2017 година победник на изборите беше Социјалистичката партија на Рама, но за тие избори имаше голем број приговори – бројни нерегуларности, премногу докази за врската со криминалци, кои со валкани” пари, им помогна на Рама и на неговата партија да „ја купи” изборна победа.
„Корупцијата во Албанија стана начин на живот“, се вели во анализата, и се потсетува дека Рама, во почетокот на својот прв мандат како премиер многу на ветувал, но наскоро станал „лидер на криминалот и корупцијата“.
Рама се повеќе се поврзува со „канибализација на Албанија” во која цвета организираниот криминал и бизнисот со дрога, пишува ИФИМЕС.
Помеѓу 2014 и 2017 година, Албанија стана главна земја за производаство и трговија со канабис во Европа, што беше потврдено од страна на Европол, на Стејт департментот на САД и на Обединетите нации (ОН).
Користејќи ги парите, мрежитеи нивните политички врски засновани на трговијата со канабис, албанска криминална организација се прошири на трговија со хероин и кокаин, а Албанија сега „е главна порта за дистрибуција на хероин во Европа“ и главен транзитен коридор за шверц кокаин.
Покрај САД и Советот на Европа, потврди дека во Албанија „ризикот од перење пари и понатаму е висок”, а најголемата закана доаѓа од “криминалните приходи од трговијата со дрога, даночни и царински затајување и корупцијата“.
Според податоците на Стејт департментот, производството на марихуана во Албанија се зголеми пет пати за само една година.
Поради сите овие причини, укажува ИФИМЕСостанува отворено прашањето за датум за почеток на преговорите со ЕУ. Франција и нејзиниот претседател Емануел Macron, ја предводат опозицијата која се противи за доделување датум.
Холандија, пак, официјално донесе одлука во парламентот да се преземе акција за укинување на визниот режим, што Албанија го има со земјите-членки на ЕУ.
„Најважно е прво нормализирање на политичката сцена за релаксирање на односите во земјата. Редовните масовни протести во кои учествуваа и по 200.000 граѓани се јасен знак за недовербата во владата на Еди Рама кој ја загуби поддршката меѓу граѓаните“, оценуваат од IFIMES, од каде посочуваат дека (не)владеењето на правото и (не ) функционирањето на државната држава се „рак рана” на албанската држава.





