Утре и задутре во Скопје, ќе се одржи десеттата средба на Мешвитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија Комисијата.



„На средбата ќе бидат разгледувани прашања и теми во контекст на надминување на историографските спорови кои претставуваат пречка во градењето на добрите односи и пријателство помеѓу двата народи и двете држави. Покрај вообичаените теми, учебниците за историја и предлог идеите за заедничко одбележувањена историски личности и настани, Комисијата ќе дискутира и за теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата или, пак, причина работата на Комисијата и нејзиниот академски и експертски карактер да бидат политизирани со што се предизвикува штета на процесот на градење добрососедски и пријателски односи“, велат од македонскиот тим на Комисијата.

По завршувањето на средбата в петок на 16 октомври во 17:45 часот во Клубот на пратеници е предвидена заедничка изјава за медиумите на двајцата копретседатели на Комисијата, Драги Ѓоргиев од македонка страна и Ангел Димитров од бугарска страна.