Пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица ја напуштија собраниската сала откако се исцрпи листата на дискутанти и во моментот Информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање.
Од присутните 69 пратеници кои останаа во собраниската сала, „ЗА“ гласаа 68 пратеници на СДСМ и коалицијата и на партиите на Албанците.
Тие со аплауз го поздравија резултатот од гласањето.






