Уставот не е во декларацијата: Османи ја понижи бугарската колешка за предлогот ,,Промена на устав пред преговори”

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на дипломатски начин ја понижи неговата бугарска колешка на која индиректно и посочи дека не знае што зборува за условите што произлегуваат од декларацијата на бугарското собрание во врска со македонските преговори со ЕУ.



Запрашан што мисли за изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска која минатата недела најави дека Македонија може да почне преговори само ако претходно го промени уставот, Османи на бугарската колешка и посочи дека промената на уставот не е дел од бугарската декларација за Македонија.

Во дипломатијата посочување на фактичка или друга грешка на колега шеф на дипломатија значи индиректно понижување или дури и навреда иако од бугарска страна се работи за релативно неискусен шеф на дипломатијата.

По изјавата на Османи може да се очекува дека Генчовска и бугарската влада може дополнително да ја радикализираат ионака радикалната позиција на Софија за Македонија.

Одговорот на Османи за Генчовска по осмата минута во видеото кое може да го видите на овој линк

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/688576209088212/