Уставните судии не се договорија денеска да се одлучува по фамозниот член 11-а со кој требаше да се расчисти дали Иванов смеел да ја повлече аболицијата, јави ТВ24.



Аргументите за или против во Уставен се изедначени, 4:4, па уставните судии ниту можеа да се договорат дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложи Осман Кадриу.

Изедначените гласови 4:4 не оставија можност и воопшто судиите да се договорат судиите за останатите точки од дневниот ред.

Им недостасува пресудниот глас од најавената судијка Добрила Кацарска за која во Собранието денеска трет ден се води расправа и допрва треба да се гласа за нејзиниот избор.

Доколку уставните судии одлучат да се поништи членот 11-а, автоматски би се активирала аболицијата за 56 лица, со што во вода паѓаат сите процеси од СЈО.

Токму членот 11-а тие го спорат и до судот во Стразбур каде што ја тужат државата моментално, затоа што води судски процеси против нив, а тие биле помилувани.