Претседателот на Собранието Талат Џафери верува дека финалната трета фаза од усвојувањето на уставните амандмани согласно Преспанскиот договор ќе заврши до 15 јануари.



Тоа, според Џафери , отвора можност Законот за ратификација на Договорот од Преспа да биде испратен во „Службен весник “ заедно со Законот за употреба на јазиците и без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Џафери не сакаше да коментира зошто претседателот, Ѓорге Иванов не става потпис на законите и рече дека тој има обврска да го стори тоа зашто не може да се попречува волјата на Собранието.

„Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потпис има. Тоа е одлуката“ рече претседателот на Собранието.