Добрила Кацарска,претседателка на Уставниот суд, им порача на фирмите што сѐ уште го немаат платено солидарниот данок, да ја извршаат оваа фискална давачка, иако до сега бизнис заедницата поднесе побеќе иницијатива за да се преиспита уставноста на ова законско решение.
И покрај противењето од бизнис заедницата и опозицијата, владејачкото мнозинство го донесе законот за солидарност со кои ќе се полни буџетот со пари од секторот.
Ако уставните судии евентуално би донеле позитивна одлука односно во корист на бизнис секторот,Кацарска не сака да прогнозира дали тоа би значело и враќање на парите во фирмите. Во таков случај државата ќе има обврска да ги врати парите од данокот.
– Не очекувам да биде до крајот на годината, тимот можеби ќе успее да го изработи рефератот, но тоа јас уште го немам видено – рече Кацарска денеска како одговор на новинарско прашање.
УЈП постојано предупредува дека рокот со опомени е до 24 ноември, а по тоа сметките ќе им бидат блокирани. Данок на солидарност платиле над 130 компании или 37,3 милиони евра, а највисоката сума која е уплатена е од компанијата „Макстил“ – 257 милиони денари данок.







