Уставниот суд на Словенија ја отфрли задолжителната вакцинација

Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна регулативата за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор доколку не можат да докажат дека закрепнале од Ковид-19.



Владата планираше да воведе задолжителна вакцинација на 1 октомври, но Уставниот суд го блокираше спроведувањето на одлуката до правосилната пресуда.

– Таквата состојба е споредлива со задолжителната вакцинација, која најпрво бара промена на законот за заразни болести – соопштија од судот, а пренесе државната агенција СТА.

Тамошните владини претставници се уште не се достапни за коментар.

Околу 55 отсто од населението во Словенија досега е целосно вакцинирано, што е под просекот на ЕУ, а Владата се обидува да го зголеми процентот на имунизирани.