Уставниот суд на седница без преседан

„Уставниот суд на Република Македонија на 3 мај 2018 година (четврток), со почеток во 10:00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.116/2017 што се однесува на Барањето за заштита на слободите и правата од членот 110 алинејата 3 од Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, како и повреда на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност. Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија во салата за седници на Судот“, информираат од Уставниот Суд.



Уставниот суд утре ќе расправа за двајца членови на Левица кои беа уапсени лани за време на плоштадот Македонија каде што беше презентирана воената опрема на Американската армија, која што беше во Македонија за заедничката воена вежба со АРМ „Драгон Гардијан 17“ во Криволак.

Четворица од членовите на Левица кои протестирале во близина на американските војници биле легитимирани од полицијата и веднаш пуштени,