Уставниот суд едногласно ја отфрли иницијативата за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.
„По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа, што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У. бр. 40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост“, соопштија од Уставниот суд.
Со ова паѓа во вода барањето на владејачкиот СДСМ за враќање на пратениците во собраниските клупи главно заради аминување на владините уредби со законска сила.





