Уставниот суд ќе го проверуваат Упатството на Кренар Лога за етничката графа во изводите

Уставниот суд по своја иницијатива отвора постапка за упатството донесено од министерот за правда Кренар Лога на 29 мај годинава за водење на матичните книги со кое е предвидено во изводите да има графа за етничката припадност, односно националност.Ваквата одлука предизвика контроверзи во јавноста, особено со тоа дали министерот може да ги заобиколи законските измени и со подзаконски акти да ги направи овие измени. Како второ, се јавија организации од Бугарија кои апелираа до Македонците да се пишуваат Бугари во етничката графа за потоа полесно да дојдат до бугарски пасош.



„Уставните судии денеска одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на ‘Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги’“, соопшти Уставниот суд.