Здружението на оштетени физички и правни лица од стечајот на Еуростандард банка информираа дека Уставниот суд пресудил во нивна корист, пренесува Фактор.  



Како што е познато, членот 163 од Законот за банките кој беше на преиспитување, налага од стечајната маса побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити, да се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Токму на оваа одредба реагираа штедачите и бараа да се измени, односно Фондот да нема предимство.