Уставен суд денеска за уставноста на ковид-сертификатите

Уставниот суд денеска ќе ја разгледува уставноста на одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти без поседување и приложување на ковид-сертификат.



Односно без поседување сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Независен